Митови за бременоста во кои и денес се верува

Уште од дамнина бременоста како посебен  период во животот на жената е извор на низа „бабини правила“, приказни и митови, митови кои се стари колку и самото човештво. Дури и во денешно време многу трудници се соочуваат со нив. Но што од тоа е всушност вистина?

– Може да се одреди полот на бебето според начинот на кој мајката го носи ( широк стомак значи дека трудницата ќе роди машко бебе, стомак кој се шири кон напред е знак дека трудницата ќе роди девојче ) – МИТ!

Освен со ултразвучен преглед не постои ниту еден друг медицински докажан начин за одредување на полот на бебето во стомакот на мајката. Начинот на носење на плодот може да ги одреди неговата положба, гестациската старост и слично. Начинот на кој мајката го носи бебето (обликот на стомакот ) во голема мерка зависи од телесната градба на мајката како и од фактот дали мајката е прворотка или не.

– Ако трудницата спие на грб може сериозно да му наштети на плодот: МИТ!

Медицински докажан факт е дека оптимална циркулација се постигнува доколку трудницата спие на левата страна. Но доколку станува збор за нормална бременост, дури и ако трудницата спие на грб не може сериозно да му наштети на плодот. Во исклучителни случаи, особено кога кај трудницата е дијагностициран здравствен проблем со бубрезите лекарите препорачуват спиење на грб.

– Ако трудницата често ги крева рацете над главата може да се замота папочната врвка околу вратот на бебето: МИТ!

Според статистичките податоци околу 25% од бебињата се раѓаат со папочна врвка замотана околу вратчето или нозете. Оваа состојба не може да биде предизвикана од никакво мајчино однесување во текот на бременоста.

– Сексот во бременоста може да го повреди бебето: МИТ!

Сите валидни медицински извори тврдат дека не е возможно да се повреди бебето во стомакот на мајката за време на сексуалниот чин. Тоа е добро заштитено во матката полна со плодова вода, како и со мукозниот чеп кој го покрива грлото на матката и спречува продор на се однадвор ( вклучувајќи ги и бактериите ).

– За секое бебе што ќе го роди мајката треба да изгуби еден заб : МИТ!

Денес на сите трудници им е познато значењето на дополнителниот внес на калциум кој во комбинација со редовна орална хигиена и исхрана богата со витамини и минерали го превенира расипувањето на забите кај трудниците. Но, доколку се случи тоа, посетата на стоматологот е исклучително препорачливо.

Leave a Reply

Your email address will not be published.