Најдобрите лекции се учат кога ќе немаш на кого да се потпреш

Најдобрите лекции се учат кога ќе немаш на кого да се потпреш. Ќе научиш дека понекогаш можеш да се обидеш да им објасниш нешто на луѓето, но луѓето и онака ќе сфатат онака како што нив ќе им одговара.


Ќе почнеш да сфаќаш дека на крајот само ти ќе можеш да си помогнеш на самата себе. Решенијата на проблемите зависат само од тебе и од твојата желба да се помрднеш од мртвата точка.

Ќе ти биде полесно кога ќе почнеш да одбиваш разговор за оние нешта за кои воопшто не би сакала да зборуваш, кога ќе научиш да не го задоволуваш туѓиот глад за интимните детали од твојот живот.

Во тешките моменти се познаваат вистинските пријатели. Ќе сфатиш кому си му навистина важна, дека само дел од твоите пријатели те познаваат и прифаќаат токму таква каква што си.

Ќе сфатиш дека околу тебе има многу луѓе кои те сакаат кога си среќна, но те избегнуваат кога си тажна, луѓе кои се секогаш тука за забава, под сонцето, но не и кога ќе дојдат облаците да го држат твојот чадор додека ти ги бришеш солзите.

Ќе сфатиш дека некои луѓе намерно ги минимизираат твоите проблеми и те потикнуваат да ги „пикнеш под тепихот“. Бегај од нив!

Ќе почнеш да бараш одговори во себе наместо да бараш одобрување и оправдување од сите околу тебе.

Ќе научиш да бидеш одговорна за сопствениот живот. Ако нешто згрешиш, одговорноста ќе ја побараш кај себе.

Ќе научиш храбро да ги водиш сопствените битки, бидејќи ќе сфатиш дека никој на светот не може да ти направи ниту поголемо добро, ниту поголемо зло отколку ти самата на себе.

Likes:
0 0
Views:
19

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *