Не дозволувајте навиката да ја победи романтиката

Многу партнери создаваат лоши навики, а една од нив е практиката премногу често да вклучуваат други личности во нивната врска.

Партнерите премногу често минуваат време со роднините и пријателите, излегуваат со други парови или гледаат во телефонот секогаш кога се заедно. Сето ова е нормално и би требало да се случува. Но, имајте на ум дека на секој пар му е потребно време во кое партнерите ќе бидат еден со друг-сами.

Впрочем, тоа е и начинот на кој една врска започнува, зарем не?

И покрај натрупаниот распоред одвојте доволно време во текот на денот за да бидете во друштво само на својот партнер. Без одвлекување на вниманието, без размислувања околу работата, без постојано проверување на телефонот, без ѕиркање во екраните на телевизорот или таблетот.

Бидете еден со друг, бидете присутни, разговарајте, уживајте во некакво хоби, правете било што… но заедно, и со намера.

Не дозволувајте навиката да ја победи романтиката, практичноста да ги победи чувствата. Тие заеднички моменти кои ќе ги поминете само со својот партнер можат многу да ви помогнат да откриете дали и колку навистина се чувствувате удобно во врската. Токму тие моменти на заеднички мигови можат да и помогнат на вашата љубовна врска да го издржи притисокот на времето.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *