Отчукувањата на мајчиното срце се смирувачки звук за бебето

Медицината тврди дека уште во текот на бременоста, фетусот во матката слуша и меморира одредени звуци и гласови, што докажува дека бебето уште пред да се роди развива способност за распознавање.

Ниските тонови се првите тонови кои бебето во мајчината утроба успева да ги слушне. Високите тонови се на некој начин пригушени, бидејќи бебешкото уво има способност умешно да ги филтрира.

Интересен е податокот дека бебето во матката е особено чувствително на мајчиниот глас кој доаѓа до него движејќи се по правец на рбетот, поминувајќи низ карлицата.

Отчукувањата на мајчиното срце му даваат ритам на животот на бебето во матката. Мајките знаат дека токму мајчиното срце е она што го смирува новороденчето, кое, според искуствата на многу мајки, доколку се држи на левата страна на мајчините гради побрзо се смирува. Тоа е така бидејќи бебето е веќе навикнато на звукот од отчукувањата на мајчиното срце уште пред да се роди и со задоволство продолжува да ужива во смирувачкиот звук.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.