Полот на бебето зависи од таткото

Дали ќе се роди момче или девојче- за тоа одлучува машката страна од процесот на зачнување, тврди науката.

Хромозомот X од сперматозоидот во јајце клетката може да се сретне со друг X хромозом и на тој начин да се создаде женски плод.

Кога хромозомот Y, кој може да се најде само во сперматозоидот, ќе се сретне со хромозом X во јајце клетката, кој пак е единствен жител на јајце клетката на свет ќе дојде момче.

Интересно, но природата се прогрижила да одржи барем делумна рамнотежа околу половите. Според статистичките податоци на светско ниво на секои 110 момчиња се раѓаат околу 100 девојчиња.

Статистиката вели, зачнувањето на денот на овулација или ден претходно ги зголемува шансите идните родители да добијат машко дете. Доколку пак зачнувањето се случи два до три дена пред да настапи овулацијата поголеми се шансите идните родители да добијат девојче.

Наспроти науката, пренесувани од генерација на генерација, постои цела ризница на интересни начини и методи, според кои, нашите баби откривале каков е полот на бебето во мајчиниот стомак.

За забава, ви пренесуваме дел од нив, во надеж дека ќе измамиме насмевка на вашите лица додека ги читате.

Ако трудницата, во текот на бременоста повеќе сака да јаде благо отколку солено и кисело голема е претпоставката таа да носи девојче.

Ако на трудницата премногу и се лоши и чувствува интензивни мачнини во првите месеци, но  и понатаму, големи се шансите таа да носи девојче, додека пак ако мачнините се сведени на минимум претпоставката е дека ќе се роди момче.

Ако трудницата повеќе се чувствува удобно додека лежи на левата страна тогаш се мисли дека таа носи момче, додека пак ако повеќе сака да спие свртена на десната страна тогаш носи девојче.

Оставете клуч пред трудницата и замолете ја да ви го даде. и да го крене. Ако земајќи го клучот го фати  делот кој влегува во бравата тогаш е девојче, а ако го земе за заоблениот дел тогаш е момче.

Ова е тест кој треба да го направи самата трудница. Протнете конец долг околу дваесетина сантиметри низ еден прстен. Држете го кончето над вашиот стомак. Ако прстенот се врти во правецот на стрелките на часовникот, голема е веројатноста да родите момче. Ако оди напред назад, ќе бидете мајка на девојче.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *