Преголемите очекувања можат да не доведат до големи разочарувања

Токсичната материја која продира во сржта на секоја љубовна врска и уништува многу емоционални врски помеѓу партнерите се ни повеќе ни помалку, туку величествените големи очекувања.

Математички прецизно е тврдењето дека ако од  преголемите очекувања се одземе реалноста ќе остане само разочарувањето.

Што всушност значи тоа?

Да претпоставиме.

Кога еден маж ќе се врати дома по напорниот работен ден очекува неговата жена да подготви вечера. Нејзината престрилка да биде без ниту една дамка, косата совшено средена, насмевка развлечена низ целото лице. Малата ќеркичка спокојно да седи во столчето за хранење и самостојно, без голем неред ќе ја јаде својата храна.

Односно….

Кога една жена ќе се разбуди во сабота наутро, уживајќи во помислата дека пред неа е викендот кога таа ќе се одмори и ќе ги наполни батериите очекува нејзиниот маж, одамна станат да влезе во спалната соба и со бакнеж да и посака добро утро, повикувајќи ја на појадок и свежо сварено кафе. Децата се веќе будни, пресоблечени и појадувани. Тие спокојно си играат во детската соба.

Животот не е реклама!

Што е со реалноста?

Кога еден маж ќе се врати дома по напорниот работен ден половина час подоцна, неговата изморена жена ќе го осипе со прашања каде бил до сега, прашања кои повеќе ќе наликуваат на констатации дека ништо не е во ред. На прашањето што има за вечера, можеби жената ќе фрли еден поглед кон кујната или пак безволно ќе ја постави масата.

Односно,

Кога една жена ќе се разбуди во сабота наутро, уживајќи во помислата дека пред неа е викендот кога таа ќе има прилика да се одмори и да ги наполни батериите, нејзиниот маж уште длабоко поспан ќе и рече : Ајде стани веќе еднаш, свари кафе, зарем не гледаш децата се будни. На патот кон кујната ја дочекуваат расфрлани коцки и боички, а во дневната соба лушпи од сончоглед и две лименки пиво на масата.

Разочарување! Токму очекувањата се мајка на разочарувањата.

Сите ние имаме големи очекувања, кои често водат до разочарувања, но не мора да биде така.

Решението е едноставно: дозволете животот да оди по својот тек. Тоа во никој случај не значи дека не треба да имаме очекувања, туку дека не би било лошо ако тие ги сведеме на минимум.

Секогаш е добро да се има здрав став, секогаш е добро да се има реална цел во животот. Ако се најдете во ситуација вашите очекувања да бидат превисоки, само смирете се и почекајте. Дајте си време и шанса да ја видите вистинската слика. Ако ја согледате реалноста и ја прифатите онаква каква што е нема да се доведете до степен да си признаете на себе дека сте уморни од разочарувања.

Likes:
0 0
Views:
104
Article Tags:
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.