Верувајте му на родителскиот инстинкт

Можеби понекогаш помислувате дека не сте добар родител, но одговор на тоа прашање може да добиете дури откако вашите деца ќе станат самостојни личности кои во извесен сегмент од нивната индивидуалност ќе ги манифестираат вашите мали „интервенции“ од минатото.

Безмерно сакајте го вашето дете, бидете негов најдобар пријател, но не ја заборавајте својата улога како родител кој треба да одгледа и воспита еден човек.

Секогаш верувајте му на вашиот родителски инстинкт. Имено, бидете сигурни дека ниту еден друг човек на светот не го познава толку добро вашето дете како што вие го познавате. Ако мислите дека нешто не е во ред со вашето дете, голема е веројатноста да сте во право.

Колку и да звучи примамливо, речете им „не“ на вашите пријатели и нивните чести покани за кафе муабет после завршувањето на работното време. Секако и вие имате право на дружење и социјален живот, но посветувањето на вашето слободно време на вашето дете, особено додека е мало е еден од најголемите дарови кои еден родител може да му ги понуди на своето дете. Вие како родител секогаш ќе му бидете потребни на вашето дете, но тоа ќе има поголема желба да поминува време со вас кога е мало отколку кога ќе порасне и ќе се осамостои како личност. А времето брзо минува, верувајте!

И запомнете, во ред е да не бидете „супер мама“ или „супер тато“- побарајте помош секогаш кога ќе сметате дека ви е потребна. Заедно со вашиот партнер бидете сложни во воспитувањето, не погазувајќи си ги вредностите кои сте ги поставиле пред децата ( на пример, остави го татко ти слушај ме ти мене и сл. ) Ваквите постапки се погубни за родителсткиот авторитет.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *