Да се остане дома со децата не е луксуз туку една од најтешките работи на светот

Можеби како исказ на љубомора, можеби како ироничен коментар – често мајките кои одлучуваат да останат дома и да се грижат за своите деца, ставајќи ја кариерата на второ место, се соочуваат со коментари кои целат кон тоа дека животот дома со децата е чист луксуз.

Да размислиме, постои ли бареме една околност тоа  навистина да се смета за лукзуз? Можеби гледано од еден поинаков аспект, само во смисла ако вашето семејство може да живее удобно со една плата, во сите останати аспекти тоа мислење е неоправдано и неточно.

Нема сомнеж дека за мајката најголемо уживање се моментите поминати со нејзините деца, но всушност постојаното присуство во домот и грижата околу децата и домаќинството е потешко отколку што многумина мислат.

Оние мајки кои одлучиле да останат дома во никој случај не заслужуваат потценување. Токму како и осумчасовното работно време кое е напорно и бара концентрација и времето поминато во домот за мајката бара упорност, многу физичка сила и трпение што најчесто резултира со вечери во кои доминира исцрпеноста. И во домот жената има „работно време„ но тоа, сигурно ќе се согласите со нас, трае многу повеќе од осум часови.

Добрата дружба, разговорите или кафето со колегите од работа како време за релаксација и одмор по или во текот на напорниот работен ден е она нешто што можеби ќе и недостасува на младата мајка, заедно со можноста да се оствари на професионален план, барем во скоро време.

Но, едно е точно, секоја доба во животот си има своја убавина. Уживајте во прегратките со вашите малечки, времето лета толку брзо што ќе ви се чини како еден миг кога тие веќе нема толку често да го бараат вашето внимание.

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *