Десет причини поради кои најчесто се распаѓаат браковите

Не, ниту финансиските проблеми, ниту пак „лошите свекрви“ не се во првите топ десет причини за крај на брачното партнерство.

Листата од десетте најчести причини поради кои врската помеѓу партнерите е ставена на тест,кој тие не успеале да го поминат,  е составена од психолози и сексолози од неколку европски држави, а врз податоци добиени од истражување во кое учествувале повеќе од десетина илјади брачни парови кои немале среќен крај.

Иако кај повеќето од брачните партнери постои желба да се помине преку овие проблеми, сепак долгорочно, доколку не се работи на нивното елиминирање, овие проблеми се виновниците за крајот на брачната врска.

На прво место на листата се наоѓа недостатокот на комуникација, а потоа следат:

– недоволното внимание што партнерите си го посветуваат меѓусебно

– претераните критикувања помеѓу партнерите

– незадоволството од сексуалниот живот

– неверство и загубената доверба потоа

– различните погледи кон иднината

– умирање на страста и романтиката

– монотонија во врската и безличното секојдневие

– чувството на ограниченост што едниот партнер го буди кај другиот

Likes:
0 0
Views:
113
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.