Запознајте ги децата со истрајноста во остварување на целите

Децата на  возраст од 15 месеци веќе имаат способност да препознаат и да одговорат на едноставни наредби како на пример „Дојди ваму! Тие мали личности на оваа возраст следат едноставни команди, па така кога се бара од детето тоа покажува кон предметите кои веќе му се познати. Но тоа не е се!

Психолот Лаура Шулц, во своето неодамнешно истражување тврди дека децата на возраст од две години можат да бидат поистрајни во остварувањето на своите цели, доколку веќе имале прилика да ги набљудуваат возрасните од нивната околина како напорно се борат за да ја завршат успешно својата задача.

„Јасното укажување  на децата преку примери, уште од најмалата возраст, дека упорноста во работата секогаш успева може да ги охрабри и тие да тргнат по истиот пат“- вели авторката на студијата.

Бебињата кои учествувале во истражувањето едноставно го имитирале она што го правеле возрасните. Сите тие биле соочени со различни предизвици но брзо покажале дека веќе ја усвоиле главната лекција за истрајноста во исполнувањето на задачата.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *