Мајчиниот глас помага во процесот на учење кај бебињата

Детските песнички помагаат во учењето и развојот на говорот кај децата, уште од раната возраст, особено кога истите ги пее мајката-тврдат научниците.

Не е тајна, имено, сите мајки можат да потврдат дека нивниот нежен говор и песничките што тие им ги пеат на најмилите делуваат смирувачки врз однесувањето на бебето, но дополнително медицината тврди дека постои конкретен ефект врз начинот на кој функционира бебешкиот мозок, на тој начин што давајќи одреден вид на стимул тие  можат да им помогнат на бебињата во процесот на учење.

Со скенирање на мозокот на мајката и бебето се докажале дека нивните мозочни активности се приближуваат додека мајката пее детска песничка.

Докторката Викторија Ленг од Универзитетот „Кембриџ“  наведува дека бебињата влегуваат во состојба во која има повеќе простор за учење додека мајката пее со смирувачки глас. Бебињата сакаат да слушаат кога нивните мајки им пеат, тоа им го задржува вниманието, а звуците што ги апсорбираат преку слушниот орган помагаат полесно и појасно да се развие нормалниот говор. Затоа што почесто бебињата слушаат како нивната мајка им пее детски песнички толку полесно ќе се развие нивниот говор- вели докторката, која додава дека сличноста помеѓу мајчините и бебешките виуги која настанува во тој случај може да се спореди со влијанието кое го има контактот со очите.

Исто така, научниците тврдат дека бебињата подобро учат доколку одржуваат контакт со очите.

Likes:
0 0
Views:
99
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.