Помогнете му на детето да стекне добри навики во исхраната

Здравата исхрана игра важна улога во правилниот развој на детето, бидејќи правилно избалансираната храна на детското мени   е примарен начин на организмот во раст да му се обезбедат сите потребни хранливи состојки, витамини и минерали.

Родителите треба особено внимание да обрнат во процесот на создавање на добри навики во исхраната кај детето.

Во таа насока нутриционистите го препорачуваат следново:

– планирајте ги детските оброци и доколку има потреба консултирајте се со нутриционист и педијатар

– наместо сок и слатки напитоци, на детето нудете му вода

– ограничете го зачинувањето на храната која ја консумира детето на минимум

– ограничете го внесот на овошните сокови, слатките и индустриските грисини

– на детето нудете му здрава храна и ужинки кои содржат многу овошје и зеленчук, млеко и млечни производи, житарки и сл.

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ЗДРАВЈЕХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *