Раното образование како линк кон успешна личност

Потрудете се детето да стекне доволно сила и самодоверба самостојно да ги обликува начините на своите делувања и да не се плаши од нови предизвици.

Од голема важност е децата да сфатат дека учењето може да придонесе тие да се чувствуваат посреќни, исто така како што и во иднина работните активности што би ги изведувале на секојдневна основа би можеле да ги прават среќни и задоволни од себе и постигнатото во деловната сфера.

Важноста на образованието во раното детство  е темел на образовниот успех што детето може да го покаже во иднина. Но, со раното образование се постигнува и многу повеќе, пред се равој на одредени социјални способности ( социјалното интегрирање во заедницата ) и емоционална стабилност.

Вештините и особините со кои располага детската личност потребно е да ги негувате и да помогнете тие дополнително да се развијат и зајакнат. На тој начин детето ќе има поголема корист од секоја активност која може да ја преточи во конструктивно делување.

„За да станеш некој треба самостојно да делуваш“- вели една народна поговорка. Но станувањето некој е процес кој се одвива-со учење.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *