Татковството го намалува нивото на тестостерон кај мажите

Науката вели дека во моментот кога еден маж станува татко се случуваат низа метаболитички промени во телото, меѓу кои и промена на хормоналното ниво.

Интересен е податокот што ни го носи едно неодамнешно истражување, според кој  еден од факторите кои го прават еден маж одличен татко е намалувањето на нивото на тестостерон што се случува кај нив веднаш по раѓањето на нивното бебе.

Истражувањето кое опфатило повеќе од 600 мажи од Филипините, докажало дека кај мажите кои на почетокот на истражувањето не биле татковци, се случува драстично намалување на нивото на тестостерон одредено време откако станале татковци, при тоа забележувајќи го најголемиот моментален пад на нивото на овој хормон веднаш по враќањето на сопругата и бебето дома од болница.

Со овој хемиски процес кој се случува во организмот на татковците, според научниците, се олеснува нивното заедничко делување во воспитувањето и негата на децата заедно со мајките.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.