Татковците во мултитаскинг улоги

Иако жените обично ги критикуваат своите мажи дека не успеваат да направат неколку работи истовремено ( мултитаскинг техника која ја има усовршено секоја жена, сопруга и мајка ), истражувањата велат дека тие критики не се основани ниту точни, барем кога станува збор за новите генерации татковци.

Истражувањето спроведено на Универзитето Јеил при кое се скенирани мозоците на 15 новопечени татковци, докажало дека мозокот на татковците поминува низ цела низа на промени кога тие поминуваат време со своите деца.

Во комбинација со свесноста за потребите на детето и развојот на сивата мозочна маса, кај татковците се развива и способноста за мултитаскинг.

Единствен негативен аспект од ова истражување е фактот дека и покрај подобрување на способноста за мултитаскинг на новите татковци слабо им оди со проценувањето на ситуациите.

Likes:
0 0
Views:
112
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.