Што ги тера мажите да помислат на развод

Според многу психолози, најдобар начин да се спречи разводот на бракот е подобрувањето на комуникацијата помеѓу партнерите.

Ова и не е така чудно со оглед на тоа дека комуникациските проблеми во бракот се сметаат за најчеста причина за развод на браковите ( кај дури 65% ), по што следи неможноста за решавање на проблемите ( 45% )

Изненадувачки, но неверството како причина за развод не е на првото место.

Најчести забелешки поради кои мажите помислуваат на развод се сметаат честите приговарања и критикувања од страна на партнерките, како и недоволното искажување на почит од страна на партнерката.

Од друга страна пак, кај жените како најголем и ненадминлив проблем кој доведува до развод е недостатокот на почит и свесност за нивните мисли и чувства од страна на партнерот и неговата преголема егоистичност.

Психологот Ешли Дејвис Буш советува дека конфликтите во бракот се неизбежни, дури понекогаш и корисни, ако се продуктивни.

Дури и кога се во директен конфликт брачните партнери треба да го користат јазикот на почитувањето ( врескај но не навредувај ) и да бидат подготвени да го сослушаат соговорникот извлекувајќи поука и решавајќи го проблемот.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *