Бебињата пливачи развиваат подобри моторички вештини

Науката вели дека бебињата пливачи подоцнежно во текот на животот развиваат подобри моторички вештини.

Имено, децата кои уште од најмала возраст уживаат во вода, пливајќи или едноставно тренирајќи балансирање на водната површина,  имаат подобра рамнотежа, повешти се во фаќање на предметите и полесно проодуваат.

Според професорот Хермунд Сигмундсон и неговиот колега професор Брајан Хопкинс од институтот Ланкастер, ако му овозможите на бебето да ужива во вода која е подлабока од неговата висина , најрано уште со навршиени два месеци живот,  ќе му овозможите импресивни физички, односно моторички вештини во подоцнежниот развој.

Според резултатите од нивното истражување, во кое биле формирани две групи со по 20 деца  пливачи и непливачи на возраст од пет години, дури 90% од оние деца кои пливале уште од најрана возраст се истакнале со значително подобри моторички вештини од останатите, пред се во поглед на билатералната координација и способноста за одржување на рамнотежа.

Likes:
0 0
Views:
27
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *