Венчавката е постресна за младоженецот – потврдува науката

Секој четврти маж тврди дека планирањето на венчавката е многу постресно за него отколку за неговата идна сопруга.

Од друга страна пак, породувањето, бременоста и преселбата се најстресни моменти во животот на една жена- тврди едно американско истражување.

Во истражувањето биле анкетирани 780 испитаници од двата пола.

Додека секоја шеста невеста својата венчавка ја доживува како среќен момент, една четвртина од младоженците сметаат дека самата венчавка и сите договори околу неа се најтешката и најстресната работа со која што дотогаш се соочиле во нивниот живот.

На младоженците главен извор на стрес се реакциите, ставовите и барањата на членовите на потесното семејство. Нивото на овој стрес е максимално денот пред чинот на венчавањето, но започнува многу порано. Тука спаѓаат сите договарања околу списокот на гости, прашањето околу финансирањето на свадбата, желбата да се угоди на родителите и сл.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *