Во кој случај не се препорачува употреба на орална контрацепција

Користењето на контрацептивните таблети подразбира задолжителна консултација со лекар, кој често, согласно околностите, ќе побара да се извршат одредени тестови пред на пациентката да биде препишана хормонска контрацептивна терапија.

Лекарската консултација подразбира, пред се, сознание за  општата здравствена состојба како и семејната историја на болести. Ова е потребно поради тоа што постојат одредени ризични групи на жени кои не би требало да користат хормонски таблети, бидејќи хормонската содржина во контрацептивните таблети може да предизвика низа несакани појави поврзани со веќе постоечките заболувања. Следен чекор е земањето на пап тест и микробиолошки брисови, како и секоја друга активност која лекарот ќе ја одреди како неопходна.

Најчесто, контрацептивните таблети како начин на заштита од несакана бремесност не се препорачуваат кај оние жени кои:

– имаат зголемен крвен притисок

– имаат дијагностициран дијабетес тип 1 и тип 2

– имаат тромбоза или други венски или артериски заболувања

– имаат преживеано инфаркт на миокардот или мозочен удар

– имаат ангина пекторис

– болести на црниот дроб

– имале чести вагинални крварења надвор од месечниот циклус за кои сеуште не е утврдена причината

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *