Дали машките деца се навистина мамини синови

Често можете да слушнете шеги на сметка на децата, особено од страна на родителите, блиските роднини и пријателите, особено кога се поврзани со прашањето кое скоро секое дете го има слушнато: „Кого повеќе сакаш, мама или тато“ ?

Но, шегата на страна, науката вели дека кога станува збор за синовите, кои на ова прашање одговараат дека повеќе ја сакаат мама, природата има прилично силен аргумент зошто е тоа така.

Имено, истражувачите докажале дека синовите наследуваат повеќе гени од мајките отколку од татковците.

Тоа се случува затоа што ќерките имаат два X хромозоми, еден од таткото, еден од мајката, додека пак синовите имаат X хромозом од мајката и Y од таткото. X хромозомот носи неколку пати повеќе гени од Y хромозомот, па затоа и неговото делување е поголемо.

При XY-одредувачкиот систем, девојчињата имаат два полови хромозоми од истиот вид (XX), додека момчињата  поседуваат два различни полови хромозоми (XY).  Секако тука е и присуството на  генот наречен SRY на Y хромозомот  кој ја одредува машкоста, односно присуството на два X хромозоми  ја детерминира женственоста.

Додека женските деца имаат прилична рамнотежа во застапеноста на родителските гени, машките деца генетски се повеќе поврзани со мајката отколку со таткото.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *