Децата не треба да ги потиснуваат своите емоции

Повеќето психолози се едногласни околу ставот дека доколку децата се премногу „добри“ или однесувањето им е беспрекорно голема е веројатноста тие едноставно да ги потиснуваат своите внатрешни емоции и инстинкти.

Децата мора да дојдат до една точка во животот кога самостоно ќе успат да воспостават рамнотежа помеѓу позитивните и негативните емоции што помага во процесот тие полесно да  развијат особини како што се искреноста и емпатијата.

Доколку родителите премногу строго го принудуваат детето постојано да се однесува добро, а особено ако со тоа започнат уште во раната возраст, тоа ќе биде само привидно одговорно, додека неговите вистински емоции ќе останат поттиснати.

Едноставно, дозволете детето да биде она што е.

Важно е да се умее да се препознаат вистинските емоции и потреби на детето и истите да се испочитуваат. Родителите не би требало да живеат некоја друга верзија на својот живот преку своите деца, остварувајќи ги сопствените дотогаш неисполнети желби и соништа.

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *