Дипломите закачени на ѕидот не ве чинат добра личност

Човекот кој е навистина добар не навредува никого, не искористува никого и не ги потценува другите, без разлика колку големо е неговото ниво на образование.

Дипломите закачени на ѕидот не ве чинат добра личност, ниту подобра личност од другите. Не ве чинат човек. Не се извор на емпатија, емоции, не се отслика на добар карактер, не ја чинат целоста на вашата вредност, ниту на начинот на кој вие постапувате кон другите.

Дипломите закачени на ѕидот не ве одвлекуваат што подалеку од комплексите, од несигурноста и емоционалната нестабилност. Тие немаат моќ да ве ослободат од предрасудите и да ви дадат широк, непристрасен и либерален поглед на светот. Тие не се доказ дека вашата душа е чиста, дека вашите очи и вашето срце се ширум отворени.

Тоа врамено парче хартија не може да ве направи нешто што не сте, нешто што не сте го понеле од вашето семејство.

Точно, образованието има своја моќ. Но карактерот и неговата изградба е нешто сосема друго. Карактерниот, принципиелен и емпатичен човек не мора да има ниту диплома од фактултет ниту пак докторат за да биде тоа е што е.

Нашите баби велат: „домашното воспитување е единица, основното училиште е нулата до единицата, средното образование уште една нула до нив, факултетското образование уште една нула…. и така натаму… Бројката може да расте до бесконечност. Може да стане и 1,000,0000,0000…… Но, што ќе се случи ако ја избришеме единицата? Ќе останат само нули“!

Не дозволувајте да бидете окарактеризирани како личност создадена само од нули. Вреднувајте ја единицата, прва на низата достигнувања, основата на доброто однесување.

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *