Жалфијата како најефикаен лек против сува кашлица

Сувата и надразнителна кашлица ви го отежнува секојдневието? Имате чувство дека сонот е недостижен поради упорната кашлица, а од напнувањето при кашлањето почнуваат да ве болат градите?

Веднаш заминете во кујната и подгответе го овој домашен напиток кој се смета дека е еден од најефикасните лекови кои ја смирува кашлицата на сосема природен начин.

За неговата подготовка потребни ви се следниве состојки:

200 мл млеко

1 лажичка жалфија

1 лажичка сода бикарбона

Ставете го млекото во сад на оган да се стопли. Пред да зоврие додадете ја жалфијата. Откако ќе дојде до точката на вриење додадете ја и сода бикарбоната. На умерен оган продолжете со мешање на млекото и додадените состојки барем уште една минута.

Потоа процедете и пијте веднаш по подготовката, во мали голтки.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *