За сите доилки – ефикасен природен лек за испукани и болни брадавици

За жал, многу често се случува доилките да се соочат со болни и разранети брадавици, што го прави доењето болен и непријатен процес.

Негувањето на брадавиците кои се под силен притисок за време на доењето е важен предуслов за успешно доење без болка.

Наместо да користите скапи препарати за чиј состав нема да бидете сигурни дека е здрав и не е штетен ниту за вас ниту за доенчето,  направете  домашна крема за нега на брадавиците која всушност преставува микс од растителни масла.

За нејзината подготовка потребни ви се следниве состојки:

– две лажици масло од јојоба

– две лажици кокосово масло

– една лажица маслиново масло

Сите состојки добро промешајте ги и во соодветен сад топлете ги на пареа се додека смесата не стане хомогена, а потоа истата пресипете ја во стаклена тегличка.

Брадавиците премачкувајте ги со овој микс од масла после секој подој.

Likes:
0 0
Views:
114
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.