Како да подготвите „златен мед“- најсилниот антибиотик од природата

Куркумата во комбинација со мед е неопроценлив природен лек кој има исклучително силно антивоспалително делување, а истовремено ја зголемува природната одбраната на организмот.

За разлика од останатите, синтетички антибиотици со кои се преполни аптеките, овој лек нема никакво негативно влијание врз цревната флора.

Куркумата содржи куркумин, состојка која манифестира моќни антиксидативни, антивоспалителни и антиканцерогени својства.

На првите симптоми на настинка или респираторна инфекција, не се упатувајте веднаш во аптека, напротив, останете дома и подгответе ја оваа неверојатно моќна мешавина од мед и куркума наречена „златен мед“, која се препорачува да се користи во континуитет три дена.

За подготовка на златниот мед потребни ви се следниве состојки:

– 100 грама мед
– 1 лажица куркума

Состојките добро промешајте ги, а мешавината чувајте ја во стаклен сад.

Консумација:

Во текот на првиот ден, земајте по една кафена лажичка на секој час.

Во текот на вториот ден земајте по една кафена лажичка од мешавината на секој два часа.

Третиот ден редуцирајте ја консумацијата на три пати дневно по една кафена лажичка.

Мешавината од мед и куркума можете да ја додадете во чај или млеко. Доколку ја консумирате без да ја додадете во напиток,препораката е да не голтате веднаш, туку да дозволите сама да се растопи во устата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *