Како правилно да ја распоредите храната во фрижидерот

Кога ќе се вратите од пазарување, наместо без соодветен редослед да ја складирате храната во фрижидерот, водејќи се од тоа на која полица има место, одвојте малку повеќе време за да направите правилна прераспределба.

Правилното складирање и распределба на хранливите продукти по полиците во фрижидерот е важно за продолжување на рокот на траење на храната.

Најстабилна температура во фрижидерот има токму на најгорната полица, па затоа се препорачува на таа полица да се чуваат јајцата, млечните производи, месо и морски плодови.

Подолните полици се препорачуваат за чување на остатоци од готвени јадења, овошје и зеленчук, пијалоци, како и хранливи намирници кои се подготвени во наредниот период да бидат консумирани.

Најтоплиот дел од фрижидерот е вратата. На полиците на вратата се препорачува да ги чувате оние хранливи намирници кои содржат природни конзерванси како и пијалоците во стаклена амбалажа.Бидете сигурни дека полиците на вратата од фрижидерот не се препорачано место за чување на мајонез или јајца.

Оптимална температура на внатрешноста на ладилникот е од 0 до 4 степени целзиусови. Таа темепература ќе ги заджи бактериите што подалеку од складираната храна.

Likes:
0 0
Views:
112

Leave a Reply

Your email address will not be published.