Кога децата го забораваат она што го научиле претходниот ден

Набљудувајќи го вашето дете, одеднаш доаѓате до непријатна констатација дека детето не знае нешто што до вчера го знаело или умеело да го изведе.

Можеби звучи и изгледа загрижувачки за многумина родители кои се соочиле со оваа ситуација, сепак не е невообичаено за децата да го заборават она што го научиле претходниот ден.

Без разлика колку одредена активност за нас возрасните изгледа толку вообичаена, лесна за извршување и едноставна за разбирање, сепак за децата токму таа активност може да биде комплексна задача која треба да биде совладана.

Ова е слично на тоа кога после долго време ќе дојдете до решение на некој проблем, а веќе утредента не можете да се сетите на точниот начин на кој сте стигнале до решението на проблемот.

Заборавањето на некоја нова активност кај децата често се манифестира и кога родителите го принудуваат детето да ја изведе активноста пред мноштво луѓе или во непознато опкружување. Тогаш поради тремата и непријатноста што ја чувствува детето лесно може да исчезне сознанието за тоа што точно треба да се направи.

Не заборавајте, за да се усвои во целост една активност или ново знаење кај детето неопходно е нејзино континуирано повторување. Затоа, ви препорачуваме – без грижи!

Likes:
0 0
Views:
29
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *