Кога еден маж се остварува во улога на татко

Науката вели дека детето, особено во првата година од животот, но и во наредните две години, во својот психолошки и емоционален развој, во поголема мера е ориентирано кон мајката отколку кон таткото.

Според психолозите, дури во текот на втората односно третата година од животот, детето во повеќе психо-социјални аспекти се одвојува од мајката и се повеќе се стекнува со автентична способност, иако тоа не значи дека детето не функционира успешно без присуството на мајката, а под надзор и грижа на останатите членови од семејството или пак воспитно-згрижувачката установа каде престојува.

 Во пракса, татковците или не сакаат или не знаат како активно да се вклучат во воспитување и растење на децата. Искуствата на младите татковци велат дека не е ретка појават тие да се чувствуваат непотребни, особено во првата година од животот на детето, период во кој се случува интензивна емоционална ориентрианост на мајката кон детето, но и на детето кон мајката. Науката вели дека во голема мера за развојот на ова чувство кај таткото како родител може да придонесе ставот на мајката. Се случува таа да не ја нуди соодветната подршка на својот партнер додека тој се остварува во улога на родител, константно критикувајќи ги постапките, начинот на функционирање со детето како и самиот пристап, што се сведува на самостојна желба на таткото да се дистанцира или да биде „отргнат“ од страна на мајката која „знае и може се да направи правилно“.

Но тоа не треба да ги обесхрабри младите татковци. Нивното време допрва доаѓа.

Постојат повеќе начини на кои не само што ќе го олеснат животот на својата партнерка, туку и со чија помош татковците ќе бидат дел од животот на детето и пред тоа самото да покаже поголем интерес за нив.

Според психолозите, активното вклучување на таткото во животот на неговото малечко подразбира активно делување во следниве четири сегменти: хранење на детето со шишенце односно со цврста храна, читање, пеење и останати забавни активности кои ќе го привлечат вниманието на детето согласно неговата возраст, држење во прегратка и нежен допир.

Татковци, запомнете, вие не сте „аутсајдер“ , човек чија главна цел е обезбедувањето на финансиската сигурност на семејството, додека мајката е таа која се грижи, ги одгледува и се ангажира околу децата. Децата во семејствата каде двајцата родители уште од најмала возраст на детето, го даваат својот максимум во воспитување и нега, кога ќе пораснат стануваат личности кои манифестираат емоционална зрелост, посигурни се во себе и со самото тоа полесно помуваат нив животните препреки.

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *