Листериоза во бременоста – ретка, но тешка инфекција

Многу често листериозата е поврзана со консумација на контаминирана храна како што се млеко и сирење, темички необработено месо и зеленчук.

За среќа, станува збор за ретка инфекција која е предизвикана од бактеријата Listeria monocytogenes.

Иако и растенијата можат да бидат извор на оваа бактерија, најчесто тоа се лубеницата и дињата, најчесто оваа бактерија е дел од смрзнатото месо, виршлите и сите млечни производи произведени од непастеризирано млеко.

Перинаталните инфекции се појавуваат преку пренос на материи преку постелката или за време на породувањето при контактот со заразениот исцедок од вагината на мајката.

Трудниците многу често листериозата ја доживуваат асимптоматски или пак со појава на симптоми кои се многу слични на симптомите на грипот како што се зголемена телесна темпратура, грозница, болки во мускулите, кашлица, боли во грлото, мачнини и повраќање, пролив, поспаност и слично.

Неонаталната листериоза може да се појави во два облика:

– како ран облик кој доведува до предвремено породување пропратен со голем ризик од сепса како облик поврзан со висока можност за неонатален морталитет

– доцен облик кој доведува до појава на невролошки промени кај детето како што се хидроцефалус и ментална ретардација, односно менингитис

За среќа, со раната детекција на заболувањето, следи успешно лекување со антибиотска терапија.

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *