Менопаузата не е болест, но го зголемува ризикот за појава на други заболувања

Менопаузата не е болест, таа е природна состојба во која што организмот на жената навлегува откако јајниците ќе ја изгубат својата функција. Кога ќе престане создавањето на естроген, во организмот доаѓа до драстични промени кои понекогаш можат да предизвикаат појава на одредени медицински состојби.

За да се намалат негативните последици од недостатокот на естроген во организмот, на жената во периодот на менопаузата и се препорачува употреба на супстанција наречена фитоестроген, која е слична на естрогенот но е од билно потекло.

Хронични медицински состојби на организмот кои што можат да се појават откако жената ќе навлезе во период на менопауза се:

– кардиоваскуларни заболувања ( можноста за нивното појавување може драстично да се намали ако жената ги промени своите животни навики, односно престане со пушење доколку пуши, да ја зголеми физичката активност, да воведе исхрана сиромашна со масти од животинско потекло а да го зголеми внесот на семенките )

– остеопороза ( со губитокот на естроген, калциумот не се вградува во коските со ист интензитет како претходно и поради тоа коските стануваат кревки )

– инконтиненција ( со намалувањето на еластичноста на вагината паралелно слабеат и мускулите во карлицата. Мочниот меур и уринарниот тракт ја губат својата цврстина и тоа допринесува за појава на инконтиненција. Може да се појави изненадувачки силна желба за мокрење или несвесно протекување на мали количини урина, особено при кашлање, кивање или подигање на терет )

– зголемување на телесната тежина ( кога жената влегува во менопауза препорачливо е да го намали внесот на калории за 200 до 400 калории во текот на денот )

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.