На идните татковци им е потребна фолна киселина

И на мажите им е потребна фолна киселина-тврди медицината.

Исто како и жените и идните татковци треба да водат сметка за адекватниот внес на фолна киселина во организмот.

Недоволниот внес на фолна киселина во организмот на мажите, според истражувањата, доведува до намалена плодност и можност од зголемување на ризикот за појава на вродени дефекти кај бебињата.

Всушност, самата фолна киселина е вид на витамин Б кој е потребен за нормален развој на фетусот. Улогата на фолната киселина се гледа преку овозможувањето на непречена синтеза на аминокиселините, формирање на крвните клетки и оптимално функционирање на имунолошкиот систем.

Покрај препорачаниот внес на фолна киселина, идните татковци особено внимание треба да обрнат на дополнителен внес на одредени минерали кои се важни за продукција на сперматозоидите, како што се цинкот и селенот.

На квалитетот на спермата, нејзината бројност односно подвижност во голема мера влијааат витамините Ц, Д и Е.

Leave a Reply

Your email address will not be published.