Не останувајте во врска со личност која нема желба да се извини откако ќе згреши

Никогаш не останувајте во врска со некој кој одбира во кој момент ќе треба да добро да се однесува со вас. Некој кој ќе ве сака покрај себе две, а потоа ќе ве избегнува во наредните три недели.

Никогаш не останувајте во врска со некој кој константно се грижи само за себе. Најчесто тоа е тип на егоист кој секогаш мисли дека тој е во право, личност која одбива да направи компромис и личност која нема желба да се извини откако ќе згреши, напротив ќе направи вие да се чувствувате виновни за неговата грешка.

Никогаш не е добра опција да останете во врска со некој кој ве принудува да се смените за да ја заслужите неговата љубов. Некој кој постојано се обидува да ве убеди дека не сте интелегентна личност, дека не сте привлечни и дека сте недостојни за љубов.

Никогаш не е добра опција да останете во врска со човек кој постојано ги истура лутината и бесот врз вас, човек кој е вербално или пак физички насилен кон вас како жена, секогаш кога се соочи со немоќ пред некој друг, многу посилен и подобар од него.

Едноставно, не останувајте во врска со човек кој неколку пати до сега веќе ви покажал дека всушност ништо не му значите. Тоа е истиот човек кој дозволува целиот товар да падне на ваш грб, без да ви подаде рака за спас. Имајте на ум, дури и во ретките моменти кога се е добро, дека наредниот пат, кога повторно ќе се чувствувате лошо поради него, ќе ви биде се појасно дека тоа е човек кој секогаш само зема, а никогаш не дава. Запрашајте се, уште колку имате да дадете?

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *