Не сакам да сум ловец на љубовта која треба да се случи природно

Не сакам да сум ловец на љубовта која би требало да се случи природно. Знам што треба да очекувам од партнерот, затоа што знам што ќе му понудам. Јас ќе му дадам се од себе. И затоа нема да се помирам со љубов која е помала од тоа во што верувам дека треба да биде. Таа е љубовта која ќе ја чекам, таа е љубовта во која верувам.

Верувам во љубов која ме води низ недоразбирањата со партнерот. Љубов која на тие недоразбирања гледа како на прилика да научи нешто ново од нив. Јас знам, иако две личности се сакаат, сепак љубовта не мора да значи дека секогаш ќе биде лесна. Она што се случува покрај љубовта е животот.

Верувам во љубов која прифаќа, која не осудува, која се храни од индивидуалноста. Сакам покрај себе човек кој ќе ме сака и кога грешам, човек што ќе ме прифати и кога нема да можам да контролирам одредени нешта, како на пример болест или минатото.

Верувам во љубов која е лојална. Сакам да се чувствувам сигурно знаејќи дека таа љубов е сосема доволна за мојот партнер. Не, не сакам да биде тука додека чека да дојде нешто подобро, сакам да верува дека ние сме неговото „најдобро“!

Likes:
0 0
Views:
119
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.