Не се исцрпувај гледајќи во минатото – нема да го промениш

Нашите баби се доказ дека мудроста не се учи на факултет. Нивните скапоцени знаења се често вистински патоказ во животот.

Во еден период од мојот живот работите не се одвиваа во позитивна насока. Тогаш, мојата баба ми даде совет:

„ Ако ти е тешко не трачај. Не си го оптоварувај твоето срце. Ако ти е тешко не застанувај во место. Не дозвовлувај да се олади твоето срце. Ако ти е тешко продолжи да чекориш со мали чекори напред.

Работи го она што мораш, но најмногу посвети внимание на тоа да го работиш тоа што го сакаш. Малку по малку.

Не се троши себеси гледајќи кон иднината, стравувајќи од неа, но немој да се трошиш ниту гледајќи во минатото, нема да го смениш!

Реално, ти не знаеш што ќе се случи утре. Всушност, не знаеш што ќе се случи во наредниот миг.

Направи чекор напред, застани, одмори се. Пофали се себе за постигнатиот успех. Почасти се себе за својата неверојатна сила. Нема ниту да приметиш како и кога, но брзо ќе сфатиш дека твоите чекори стануваат се подолги и подолги. А тогаш ќе дојде и тој ден кога ќе го погледнеш твоето „денес“ без солзи во очите“!

Likes:
0 0
Views:
111
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.