Одвикнување од пелените и преку ноќ-дали е тоа посебен процес

Дури и кога детето е научено преку ден да  користи нокшир, ноќното одвикнување од користењето пелени понекогаш, за многу родители, изгледа како да е посебен процес.

Често се случува свесноста на детето преку ден да работи скоро беспрекорно и да не прави тоалетни грешки, но преку ноќ тоа не се случува. Затоа многу често родителите продолжуваат навечер да им ставаат пелени на децата, додека преку ден тоа не е случај.

Организмот на детето сеуште не е доволно развиен за да во текот на ноќта ги обработи сигналите за потребата од тоалет.

На почетокот од самиот процес на одвикнување не му нудете на детето поголема количина на течности пред спиење и навикнете се на задолжително одење на нокшир пред да си легнете како дел од рутината.

Кога неколку ноќи по ред пелените остануваат суви, детето е подготвено за ноќното одвикнување. Статистиките велат дека од дневното до ноќното одвикнување поминува период од неколку дена до неколку недели.

И покрај тоа што мора да останете доследни, најважно е да не вршите притисок врз детето. Самиот детски организам го трасира патот на развојот и успехот во процесот од одвикнувањето на пелените.

Leave a Reply

Your email address will not be published.