Преголемиот внес на шеќери го нарушува имунитетот

Што е премногу кога станува збор за внес на шеќерите во организмот?

Сигурни сме дека на ова прашање повеќето од нас ќе дадат различни одговори водејќи се од својата желба за слатко, но науката вели дека дури и внес на  стотина грама шеќери дневно се смета за повеќе од доволно.

Секојдневната консумација на оваа количина на прости шеќери, според истражувањата, може да го намали имунитетот дури за 30%.

Во оваа категорија на тн. слатки нарушувачи на имунитетот спаѓаат и шеќерите кои ги внесуваме во оргаизмот преку газираните пијалоци.

Имено, простите шеќери во големи количини можат да предизвикаат ослабена активност на белите крвни зрнца и со тоа да ја намалат одбрамбената моќ на организмот. Се смета дека шеќерот доведува до намалена апсорпција на други хранливи материи, особено на витаминот Ц кој има значајна улога во одбраната на организмот од болести.

Кога шеќерот, односно простите јаглени хидрати ќе се заменат со сложени јаглени хидрати не се случува ваков пад на имунитетот.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *