Пред и потоа: Откако си мама, овие зборови имаат ново значење

Мислите дека ароматичните купки, годишните одмори и попладневната дремка звучат забавно? Почекајте, додека да станете родители!

Во оној момент кога ќе станете родител, ќе го гледате светот со други очи, а одредени зборови и изрази кои некогаш одамна, толку точно го опишувале вашиот живот, одеднаш ќе добијат поинакво значење.

Веруваме дека ќе се согласите со новите дефиниции:

Викенд

Пред децата: Спиење до подоцна без звукот на алармот ( или било каков друг звук што ќе ве разбуди) наутро. Ден без обврски и утринско кафе во мир и куп планови како да се поминат двата дена од неделниот одмор. Можеби ручек во градот, кафе со пријателите, прошетка… Договорено!

После децата: Будење во рани зори, без приговор! Кафе ( кое што доцни или се пие на „рати“ или ладно ) на масата и куп зборови и убедувања насочени кон децата да се измијат, да се облечат, да појадуваат. Повторно планови – во која игротека е подобро или пак кој парк има поубави лулашки.

Ресторан

Пред децата: Уживање во гурманските јадења и специјалитети, со чаша добро вино, пријатна музика, со прекрасно друштво и релаксиран разговор.

После децата: Убедување секој да седи на своето место, ладна храна додека да се нахранат децата, еден куп играчки на масата и околу неа, или друг начин на занимација. Од пријатната музика која допира до вашите уши на прво место се детските песнички.

Прошетка:

Пред децата: Умерен чекор во прегратка со вашиот партнерм долги разговори и многу убави планови за иднината… Само небото е граница!

После децата: Туркање количка низ соседството се додека бебето не заспие, туркање велосипед или тротитинет кој детето сакало да го вози пред да излезе од дома, но брзо потоа му исчезнала желбата, трчање по уште побрзите деца…

Капење:

Пред децата: Ммм, топла вода, ароматична сол, пенлива купка… Мир и релаксација!

После децата: Време кое подразбира дека сте се натопиле со вода иако не сте во кадата или туш кабината додека се обидувате да го избањате вашето „лизгаво“ малечко, проследено со силен плач од миењето на косата ( понекогаш ) кое може да се слушне неколку улици подолу од вас, доказ дека косата може да се измие со брзнината на светлоста, во болјерот останува толку топла вода да можат да се избањаат и уште двајца по вас….

Likes:
0 0
Views:
111
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.