Промените на цервикалната слуз посочуваат на можна овулација

Следењето на промените што се случуваат со цервикалната слуз е еден од методите за утврдување на периодот кога доаѓа до овулација.

Промените што настануваат во нејзината структура и количина може да ни помогне малку поточно да утвдиме кога се ближи периодот на овулацијата.

Функцијата на цервикалната слуз пред овулацијата е да создаде средина погодна за оплодување на јајце клетката, средина во која сперматозоидите ќе можат полесно да се движат и да преживеат.

На самиот почеток на циклусот, по менстрацијата, цервикалната слуз вообичаено е погуста и леплива, но ја има во минимални количини. Како се наближуваат деновите на овулацијата таа станува се пообилна, попрозирна и многу растеглива. Се смета дека овулацијата настапува во просек две недели пред очекуваниот менструален циклус.

Овие промени на цервикалната слуз се случуваат под дејството на естрогенот во организмот. Во моментот кога има најголема количина на слуз се смета дека се случила овулацијата, односно дека жената е најплодна.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *