Секогаш обидувајте се да го проширите својот ум – незнаењето не е блаженство

Не можете да бидете осамени ако ја сакате личноста со која што сте сами. Верувајте дека и осаменоста понекогаш е убава. Тоа е одлично поминато време со самите себе. Ако не се почитувате и не се сакате себеси, тогаш навистина, осаменоста нема да ви одговара.

Секогаш обидувајте се да го проширите својот ум – незнаењето не е блаженство! Ако постојано велите „не“ на сите необични идеи, случувања или нови луѓе и познанства, тогаш зошто очекувате дека ќе напредувате во животот? Напредокот е нешто ново, кое доаѓа започнувајќи со чинот на прифаќање на новото и поразличното од се што сте умееле и спознале до сега.

Пробувајте нови нешта, тоа е смислата на животот. Едно од тие нови нешта е да научите да поминувате квалитетно време со вашиот најдобар пријател- тоа сте вие самите. Обидете се да покажете подготвеност да си овозможите таква љубов која е спремна да ви овозможи да бидете тоа што сте, без инсистирање да бидете нешто што не сте, нешто што ќе ве фрустрира и уназадува.

И не, не сте жртва на овој свет. Превземете одговорност за своите мисли, чувства и начин на делување. На тој начин нема да им дадете преголема моќ на силите надвор од вас. Кога нешто ќе ви застане на патот, застанете и вие, а наместо бурна реакција понудете разумен одговор кој одговара на личност која е свесна за својата внатрешна сила и моќ, личност која ужива во љубов каква што заслужува.

Да се потсетиме на познатата поговорка „ако луѓето ве третираат како да сте нивната карма, тогаш, начинот на кој вие реагирате ја одредува вашата карма“.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *