Стилизирана, но и удобна и функционална дневна соба

Со однос на фактот дека поголемиот дел од времето поминато во домот го поминуваме токму во дневната соба, таа не само што треба да изгледа убаво, туку и треба да биде функционална и удобна.

Да се задоволат сите овие критериуми сигурни сме дека е голем предизвик, но, многу е важно да водите сметка дизајнот на мебелот и неговата поставеност во просторијата да создава пријатна атмосфера, на тој начин што ќе одговара на желбите но и на потребите на луѓето кои престојуваат секојдневно во таа соба.

Добрата софа, односно кауч, или пак можеби аголна гарнитура е клучна за удобрноста, но, исто така, таа се чини дека е еден од пресудните елементи кои го чинат целокупниот изглед на просторот. При изборот на овој елемент од дневната соба големо внимание треба да се обрне на висината на седишниот дел и мерките. Импулсивното купување на гарнитура за седење често не е добра опција, всушност може да се претвори во исклучително спака грешка.

Неутралните бои се хит, но исто така, се одлична опција ако се двоумите кои бои и тонови да бидат приоритет во дневната соба. Неутралните бои лесно се комбинираат со други пастелни нијанси, што дава можност за различност и поширок избор во понатамошното уредување.

Изберете тв-комода во минималистички стил, без масивни дополнителни елементи за складирање кои на себе имаат впечатливи рачки. Целокупниот впечаток подигнете со декоративни лампи, уметнички слики во пастелни бои, стилизирани предмети, саксиски цвеќиња, разнобојни удобни перници и сл.

Likes:
0 0
Views:
19

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *