Ти имаше млеко, ама не се трудеше доволно за да доиш

„Имаше ти млеко, знам јас, ама не се трудеше доволно“ или можеби „ Секоја жена има млеко, тоа што не го доиш твоето бебе е твој избор, најверојатно затоа што така ти е полесно“.

Ако овие реченици некогаш некој ги упатил кон вас,  тогаш ова отворено писмо на една мајка која не го дои своето дете е нешто со што во целост  ќе се согласите.

„ Не, не ми е лесно што моето дете е на адаптирано млеко. Мајчиното млеко е најздраво, да знам, и во целост се согласувам со тој став. Но само замислете како ми е мене, замислете какво е чувството да станете во сред ноќ и да миете и стерилизирате шишенциња и цуцли, па следи подготвување на млекото, неговото ладење, време во кое бебето постојано плаче.

Да признавам, во тој момент, сето тоа често знае да ме фрустрира.

Ова не е олеснување, ова е проблем, еден вид потешка варијанта на очекуваниот „извор на хранење“ со кој верувам дека се соочиле и многу други мајки. Адаптираното млеко со кое почнавме не одговараше, предизвикуваше грчеви, повраќање во млазеви, слабо напредувавме. Па следи цела палета на опции и проби кое е подобро, па следното млеко, па следното и така натаму…

А тука е и проблемот да се најде шишенце и соодветна цуцла која што одговара најдобро.

Кога ќе тргнеме некаде торбата ми е полна со храна, шишенце, кутијата со млеко, термос со топла вода…. Попатно, не смееме да заборавиме да гледаме на час. Поминале веќе триесетина минути, а млекото што го направив од дома е веќе закиселено и има страшно лош мирис. Еве ме како истурам уште едно шише подготвено млеко кое останало не испиено.

Помножете го сето ова со финансиите кои се трошат и ќе видите дека да не се дои е многу потешко.

И пред да се одлучите ( секако ненамерно ) да ги повредите мајките кои не дојат со некои недолични коментари размислете добро дали е потребно со таквите изјави да додавате жарче во огнот.

Среќно драги мајки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *