Царски рез-ризици за мајката и бебето

Во медицината се смета дека царскиот рез е еден од покомплексните оперативни зафати. Индикациите за изведувањето на царскиот рез ги одредува гинекологот, а најчесто се однесуваат на повеќекратна бременост, постоење на одредени инфекции кај мајката кои можат да се пренесат кај бебето за време на породувањето, висок крвен притисок кај мајката, проблеми со плацентата и папочната врвка кои ја зголемуваат можноста за намален доток на кислород до бебето и др.

Покрај подолгиот период на заздравување по раѓањето, постојат и одредени ризици од царскиот рез за мајката. Најчесто станува збор за обилни крварења или згрутчување на крвта, појава на одредени инфекции и сл.

Не е докажано дека царскиот рез го зголемува ризикот од сериозни компликации за здравјето на бебето како што се на пример оштетувањата на папочната врвка, крварење во мозокот или парализа. Имено, во досегашната медицинска пракса овој тип на компликации се исклучително ретки и се појавиле во 1 случај на 10,000 породувања.

Почесто забележана компликација во текот на царскиот рез по здравјето на бебето е можниот рез на бебешката кожа што може да се создаде при сечењето на матката. Тоа се случува во просек на 2 бебиња од 1000.

Поради тоа што дел од целосната анестезија поминува преку постелката ризикот за појава на жолтица е поголем кај бебињата родени со царски рез отколку кај оние родени со природен вагинален пород.

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *