Ако ја сакаш, не ја уништувај

„Кога и да сум сакал жена, колку што повеќе сум ја сакал, толку повеќе сум сакал да ја повредам.Фрида е најочигледната жртва на таа моја одвратна особина.” – Диего Ривера

Знам дека ја сакаш. Да не е така, сигурно не би бил со неа.

Но, бидејќи и ти си човечко суштество со кое владеат променливи емоции, можеби ќе ја сакаш на многу погрешни начини.

Здравата, стабилна и среќна врска лесно може да се претвори во деструкривна замка, ако кон неа не се однесуваш на достоинствен начин кој таа го заслужува.

Ако ја сакаш, сакај ја на овој начин-чувај на нејзината убавина, нејзината посебност и нејзината целост!

Таа, а не ти.. Таа е господар на нејзината судбина, но сфати и ти имаш важна улога во нејзиниот живот. Можеби начинот на кој ти се однесуваш кон неа може да допринесе таа да го одреди начинот на кој таа ќе се гледа и доживува себе. Можеш да направиш да и сјајат очите, но можеш и да направиш тие да се олицетворение на тагата.

Ако ја сакаш немој да ја уништиш. Таа е нежна скулпура во твоите раце.

Знај, можеби веќе еднаш била повредена. Не дејствувај на начин што ќе ја доведе повторно до болката. Ако е со тебе, значи го победила стравот и несигурноста. Таа верувала во тебе и одлучила да и даде шанса на љубовта. Ти ја доверила својата среќа-чувај ја со целото свое срце.

На крајот запомни, од морето луѓе, таа те одбрала токму тебе. Оправдај го нејзиниот избор.

Likes:
0 0
Views:
117
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.