Асиметричност на женските гради

Асиметричноста на женските гради, според медицината, не е ретка појава.

Постојат повеќе фактори кои влијаат врз оваа појава, но еден фактор од групата кој влијае врз тоа која дојка ќе биде поголема, а која помала – тоа е токму изборот на раката со која жената пишува. Имено, според лекарите, доколку жената пишува со левата рака, тогаш левата дојка може да биде незначително поголема од другата и обратно.

Но, од друга страна, и самата поставеност на органите во човековиот организам има влијание врз асиметријата на женските гради. Во тој контекст,  левата дојка често може да има поголем обем токму поради поставеноста на срцето на истата страна на градниот кош.

Затоа, доколку понекогаш ви се причини дека едната дојка не се вклопува во градникот исто како другата не очајувајте! Тоа значи дека сте една од многуте жени кај кои постои асиметричност на градите. Во ваков случај, освен доколку не станува збор за посложен случај на асиметрија кој бара медицински, односно хируршки третман, секогаш поедноставно решение е изборот на соодветен градник.

Likes:
0 0
Views:
111
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.