Вежбање во бременост – вежбите за циркулација на прво место

Кога практикувате одредена физичка активност за време на бременоста од големо значење е да обрнете особено внимание на вежбите кои се наменети за подобрување на венската циркулација, особено во долниот дел од телото.

Најдобрата комбинација е истовременото практикување на кондициони вежби и вежби за правилно дишење кои ќе ви помогнат и на вам и на вашето бебе, овозможувајќи подобар доток на кислород и хранливи материи во матката.

Посебен акцент треба да се стави на вежбите за правилно напнување кои во голема мера можат да помогнат за полесно породување бидејќи со правилното напнување се скратува периодот на истискување на бебето што директно е голема помош и за бебето кое го минува родилниот канал.

Токму затоа за секоја трудница се препорачува редовно практикување на вежбите за релаксација и правилно дишење и вежбите за правилно напнување. Совладувајќи ги, идната мајка не само што се подготвува за породувањето,  туку и овозможува максимална искористеност на кислородот во текот на породувањето.

Likes:
0 0
Views:
18

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *