Внимателно со чаевите во периодот на лактација

Медицинските истражувања се јасни по ова прашање- со сигурност тврдат дека консумирањето на чаеви или зачини од одредени билки во периодот на лактацијата можат да влијаат врз процесот на излачување на мајчиното млеко.

Доколку го доите вашето малечко, имајте во предвид дека оодредени билки делуваат стимулативно врз процесот на лактација кај доилките. Такви билки се коморачата, анасонот, бадемите, просото и многу други.

Но исто така, постои и одредена група на билки кои го намалуваат излачувањето на млекото.

На прво место се жалфијата и ориганото, а потоа следуваат нането и тимијанот.

Секако, тоа не значи дека овие здрави ароматични билки треба во целост да ги исклучите од процесот на зачинувањето на храната или уживање во консумацијата на напитоци подготвени од нив. Нивната консумација во умерени количини има неутрален ефект. Но, зголемената количина и зачестената употреба како и користењето на масла направени од овие билки, особено интензивно, е аларм дека треба да внимавате на можниот негативен ефект врз процесот на лактација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *