Едноставен трик за совршено зачинета салата

Доколку е потребно салатата во која планирате да уживате со денешниот оброк да биде соодветно зачинета со масло и со киселина, ви предлагаме да подготвите лимоново масло за двоен ефект.

Маслото од лимон е одличен начин да го збогатите вкусот на вашите салати, а самата подготовка е исклучително едноставна.

Имено, за да подготвите лимоновото масло потребно е да излупите кора од еден лимон и ситно да ја измелете во блендер. Потоа во блендерот додадете го и сокот од лимонот и на крајот промешајте со  50 милилитри маслиново масло. Мешајте добро се додека не  добиете хомогена паста.

Оставете ја пастата да отстои околу шест часа.

Потоа процедете го маслото, складирајте во стаклен сад со капак и чувајте го на темно и ладно место.

Likes:
0 0
Views:
111

Leave a Reply

Your email address will not be published.