Едноставен трик за цврсти нокти

Имате тенки и кршливи нокти? Се обидувате но не можете да најдете ефикасен начин како ја зголемите цврстината на ноктите?  Доколку на овие прашања одговоривте со „Да “ ви препорачуваме да го направите овој домашен природен мелем со кој  вашиот проблем со тенките нокти кои се лупат ќе биде минато.

За таа цел потребни ви се само едно чешне лук, една супена лажица сок од цеден лимон и сосема малку вазелин.

Лукот истолчете го, а потоа во садот додадете ги сокот од лимон и вазелинот. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Со оваа смеса добро протријте ги ноктите. Оставете да отстои околу половина час.

На крајот измијте ги рацете на вообичаениот начин и нанесете хидратантна крема на кожата.

Со редовно практикување на оваа постапка резултатите се видливи за околу  петнаесетина дена.

Likes:
0 0
Views:
111
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.