Златно правило за оптималната хидратација на кожата

Златното правило за оптималната хидратација на кожата е осум чаши вода во текот на денот.

Да биде правилно хидриран организмот тоа значи тој да добива доволно вода која му е потребна за ефикасно функционирање.

Пијте доволно вода-веруваме дека ви звучи веќе досадно, но е главна алка во процесот на одржување на здравјето на кожата.  Сепак, кожата е често огледало на општата состојба на организмот. Доколку сте дел од онаа група на луѓе кои многу ретко пијат вода, не очекувајте кожата на лицето да блеска, да имате свеж и негуван тен.

Клеточниот метаболизам, сепак не е возможен без вода. Организмот кој не е добро хидриран одвнатре полесно ослободува токсини кои исто така се манифестираат и со негативни ефекти врз здравјето и состојбата во која се наоѓа кожата.  Најдобар начин вашето лице секогаш да биде оптимално хидрирано е консумација на осум чаши вода во текот на денот, распоредени рамномерно.

Газираните сокови не спаѓаат во препорачливи напитоци, додека билните незасладени чаеви можат да бидат дел од вашиот избор на дневни течности.

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *