Иритирана кожа после депилација-како да си помогнете

При депилацијата восокот ги отстранува несаканите влакна, но истовремено создава средина на поголема изложеност на порите на сите надворешни влијанија што може да резултира со иритација и појава на црвенило.

Ако вашата кожа е подложна на ваков тип на промени по депилацијата тогаш препорачуваме повеќе внимание да обрнете на превентивните мерки.

Внимавајте кожата да биде целосно чиста ( од нечистотија но и од мртви клетки ) пред да се депилирате. Ако е потребно направете благ пилинг.

Иритиранта кожа поминете ја со вата натопена во антисептична течност, а веднаш потоа ставете ладни облоги. Избегнувајте ги дополнителните извори на топлина кои би ги рашириле капиларите. При тоа избегнувајте да ја допирате кожата со рацете. Важно е кожата да ја одржувате чиста непосредно по депилацијата.

На крај, искористете ја антисептичката и антивоспалителната моќ на невенот. Премачкајте ја иритираната кожа со крем кој во својот состав ја содржи оваа билка.

Likes:
0 0
Views:
117
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.